Азески – Чадеж: Отстранување на бариерите за водење бизнис до поголема конкурентност на регионот
Отстранување на сите бариери за водење бизнис во регионот, како и меѓусебно признавање на дипломите, звањата и сертификатите, подобра инфраструктура и брзо преминување на границите ќе обезбедат поголема конкурентност на регионот, е заклучокот по денешната средба во компанијата „Костал“ во Охрид на претседателите на стопанските комори на Македонија и на Србија Бранко Азески и Марко Чадеж во рамки на Коморскиот инвестициски форум