ТИРЗ: До крајот на годината инвестиции „тешки“ над 400 милиони евра кои ќе отворат преку 5 000 работни места
Во првите шест месеци од годинава обемот на инвестиции е околу 240 милиони евра, отворени се нешто под 3 000 нови работни места, а реализирани се и 2,2 милиона евра вкупен извоз, 18 милиони евра приход за државата од персонален данок, 91 милион евра од придонеси и 18 милиони евра од ДДВ, рече денеска директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски