ДЗР: На платформата за интероперабилност се поврзани само околу 3 отсто од институциите од јавниот сектор
Органите на државната управа не се усогласени со обврските за дигитализација на постапките, мала е заинтересираноста за приклучување на платформата, а постои и константен недостаток на вработени ИТ лица како и отсуство на тело за координација и следење на развојот, се главните заклучоци од Конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на успешност