Цената на струјата од денеска поскапа, Бислимовски вели дека тоа ќе биде во просек за 7,4%, опозицијата вели дека ќе биде за 17%
Од денеска поскапува струјата и почнува да се применува новиот концепт на блок тарифи. Регулаторите уверуваат дека за 98,8 проценти од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 проценти. Не се очекуваат ниту рестрикции на струја, иако не очекува тешка зима.