Бислимовски вели дека струјата може да поскапе за 10%, општините му се виновни за таквата ситуација
-Трошокот од 30 милиони евра, што го направиле општините значи 10 отсто зголемување на електричната енергија за граѓаните. Тој трошок РЕК сега ќе го префрли назад кај сите тие општини. Немаме намера повторно да го преземеме тој товар, вели Бислимовски во изјава за медиумите.