Бесими: Владата на среден рок останува посветена на структурните реформи, забрзан економски раст и подобрување на животниот стандард
Мерките и политиките што ги спроведува земјата за справување со енергетската и ценовната криза, можностите и потребите за поддршка во реализација на тие мерки, како и плановите за враќање на патеките на економски раст, биле прашањата на кои се дискутирало на средбите во Вашингтон