Од успехот на Новогодишната кошница ќе зависи дали Велигденската и Рамазанската кошница ќе одат со акции или, пак, со одлука за замрзнување на цените, најави денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.
Тој посочи дека 2024 година беше изборна година, а како што вели првата половина беше таква, каква што беше, но новата Влада направила се што може за да ја зголеми реализацијата.
Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска очекува економски подобра 2025 година, во која инфлацијата би продолжила да се стабилизира, а растот би забрзал.
Во ноември, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 4,82% и оствари месечен раст од 0,01 п.п., во услови на годишен пад од 0,56 п.п.
Собранието го разгледуваше Годишниот финансиски извештај и Годишниот извештај за работењето на АД МЕСПО за 2023 година, како и работењето на Управниот и Надзорниот одбор на Друштвото за 2023 година
Премиерот објасни дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преговара со 15 компании и дека се очекува огромна инвестиција од 350 до 360 милиони евра која ќе донесе извозен потенцијал кој позитивно ќе влијае на бруто домашниот производ.
За подобар живот на работникот во земјава не треба да се разговара за минималната плата, туку политичарите и синдикатите треба да се стремат кон плата за живот. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ вели дека пресметките покажуваат дека платата за живот треба да изнесува 96.000 денари.
Даночните обврзници во текот на овој месец успешно ја исполнија својата обврска за плаќање на данокот на личен доход, социјалните придонеси и ДДВ, што е одраз на одговорни даночни обврзници и усогласеност со законските обврски, соопшти денеска Управата за јавни приходи.
Министерството за финансии ја издаде 23-тата емисија на Обврзници за денационализација во вредност од 1,5 милион евра, со која се обесштетуваат баратели со правосилни решенија за денационализација донесени во период од 1 јануари 2023 до 31 декември 2023 година.
Според информациите од Државниот пазарен инспекторат, кои биле на терен, веќе се намалени цените на дел од основните прехранбени производи кај некои маркети, а во некои маркети цените дури се намалени од 20 до 25 проценти.