Од 1 јануари недела неработен ден, 50 отсто повисока дневница за работа во суштинските, 100 отсто во несуштинските дејности
Од 1 јануари наредната година треба да почне да се применуваат измените на Законот за работни односи кои ја дефинираат недела како неработен ден, откако вчера Собранието ги усвои на пленарна седница. Усвоени беа и измените во Законот за трговија, во кој исто така се регулира дел од работата во недела