Битиќи: Со Стратегијата за „паметна специјализација“ ќе се издвојат секторите со најголем потенцијал за развој за побрз и одржлив раст на економијата
Стратегијата за „паметна специјализација“е особено важна за нашата држава, бидејќи со неа ќе се издвојат секторите со најголем потенцијал за развој, кои ќе станат поддршка односно драјвери за сите други сектори во економијата, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на денешниот работен состанок за Стратегијата за „паметна специјализација“