Средба за интензивирање на соработката меѓу македонските и руските стартапи
Интензивирање на соработката помеѓу македонските и руските иновативни стартапи, како и креирање на засебна акцелераторска програма, преку која стартапите од двете земји ќе работат на поголемa инвестициска подготвеност, беше дискутирано на средбата во Москва на директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Коста Петров и претседател на руската Фондација „Сколково“, Аркади Дворкович