Почна комисиската расправа за Предлог-буџетот, Бесими најавува забрзување на економскиот раст
Во 2022 година економскиот раст во земјата се очекува да се забрза и да изнесува 4,6 отсто, бруто-инвестициите да се зголемат за 8,5 проценти на реална основа и да бидат значаен фактор за растот, додека потрошувачката се очекува да се зголеми за 3,1 отсто, рече денеска министерот за финансии, Фатмир Бесими пред собраниската Комисија за финансирање и буџет