Народната банка продолжува со вложувањето во едукацијата и професионалната надградба на економските кадри
Народната банка (НБ) продолжува со остварувањето на стратегиската определба за придонес и вложување во едукацијата и професионалната надградба на економските кадри во земјата и во регионот. За таа цел, како што посочуваат од НБ, се вклучи и во 44. регионален курс за основните прашања на меѓународната економска агенда за земјите во транзиција организиран од Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД) и Економскиот факултет во Скопје, којшто се одржува деновиве.