Осигуреници вложиле пет милијарди денари во осигурување за половина година. Од тоа, 2,59 милијарди денари се вложени во полиси директно купени од осигурителните друштва и уште 2,41 милијарди денари преку посредници во осигурувањето.
Квалитетот на транспортната инфраструктура и трговската логистика, според Извештајот на Европската комисија за напредокот на државава, останува низок
Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот денеска на прес-конференција ќе ги промовира придобивките за компаниите од учеството на најголемиот саем во светот за безбедност и здравје при работа во Дизелдорф, Германија
Откако пропадна тендерот на ЕСМ сега дефинитивно прашањето е како ќе ги презимиме студените денови. Во меѓувреме стана сериозно поскапувањето на цените на нафтата, бензинот и плинот, но и на сите други основни продукти.
На месечно ниво, има пад на вкупните депозити за 0,8 проценти поради намалувањето на депозитите на корпоративниот сектор за 2,8 проценти и растот на депозитите кај домаќинствата за 0,5 проценти.
Поради зголемувањето на цените на храната и енергенсите, Сојузот на синдикати на Македонија бара зголемување на платите на работниците бидејќи во спротивно предупредуваат дека ќе има тренд на осиромашување на граѓаните.
Девет компании доставиле понуди на тендерот за набавка на јаглен за РЕК „Битола“ и за РЕК „Осломеј“. Понудите за РЕК „Осломеј“ ги исполнуваат барањата за потребните количини, додека за РЕК „Битола“ во најкус можен рок повторно ќе биде објавен тендер, бидејќи понудите не ги исполнуваат целосно количините што се бараа
Растот на македонската економија годинава ќе биде 4,6 проценти, а инфлацијата 2,4 отсто, со тенденција да се стабилизира, покажува најновиот Извештај на Светска банка
Според Душарм, постигнато е многу и на планот на дисеминацијата на податоците, откако почнал да работи статистичкиот портал „НБСтат“
Во областа на оданочувањето државава е умерено подготвена, оценува Европската комисија (ЕК) во последниот Извештај за напредокот во евроинтеграците