Потпишан меморандум помеѓу Македонија, Албанија и Бугарија за Коридорот 8
По потпишувањето на Меморандумот, министерот Бочварски изјави дека Скопје е силно посветено на изградба на инфраструктурните проекти и оти во шестгодишната стратегија на Владата, земјата ветила 2,7 милијарди евра во нејзиниот развој, јави дописникот на МИА од Софија.