Руралните жени се уште на маргините – се соочуваат со социјална исклученост, невработеност, родова дискриминација
Според НФФ и МРЗ, жените од руралните средини се соочуват со голем број предизвици: социјална исклученост, невработеност, родова дискриминација, нееднаква распределба на приходите и ресурсите, доминација на традиционалните норми, лишување од сопственост на земјоделско земјиште и имот, лишување од право на платено родителско отсуство, ограничени пристапи и понуда на образование, информации, здравствена заштита и други јавни и социјални услуги