Ангеловска Бежоска ‒ Брнз: Независност и професионалност на Народната банка за зачувување на макроекономската и финансиската стабилност
За зачувување на макроекономската и финансиската стабилност од суштинско значење се независноста и професионалноста на централната банка, беше истакнато на денешната средба помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Кејт Мари Брнз