Зголемени трошоците за живот за 3.6% и цените на мало за 4,9% во споредба со август месец минатата година
Трошоците на животот во август годинава се за 0,6 отсто повисоки во однос на јули 2021, а цените на мало пораснале за 0,4 проценти. Во однос на август 2020 година, пак, трошоците на животот бележат зголемување од 3,6 отсто, а цените на мало за 4,9 проценти.