Јосифовски: Владата ја постигна целта, успеа да ги подели граѓаните и угостителите!
Ако првите три дена од рестриктивните мерки, угостителите регистрираа околу 30-50 проценти пад на прометот, денеска велат веќе стигнал до 70 отсто. Од Независната угостителска комора се децидни дека овој пат, рестриктивните мерки ќе стават клуч на врата на голем дел од локалите, засекогаш.