„Напредни лозари”: Смедеревката годинава да не се откупува под 20 денари, вранецот под 25 а високосортното грозје под 30
Здружението „Напредни лозари” соопшти дека ги замрзнува своите активности. Неговата последна препорака, упатена до производителите, е дека годинава, посебно поради сушата, ниту еден грозд смедеревка не смее да биде откупен под 20 денари, вранец под 25 денари, а асталско и високосортно грозје под 30 денари.