„Алкалоид“ со 121 нови вработувања, со инвестиции во износ од над 524 милиони денари и со консолидирани продажби во износ од 6,27 милијарди денари
Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-јуни 2021 година, продажбите достигнуваат 4.788.760.106 денари, што е за 1% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 6.272.411.971 денари, што е за 3% повеќе во споредба со истиот период од минатата година.