На Економскиот форум утре ќе бидат потпишани договори за имплементација на мобилноста на луѓе, стоки и услуги
На утрешниот економски форум, што ќе се одржи во Скопје, ќе бидат потпишани неколку договори и во суштина ќе почне практичната имплементација за мобилност на луѓето и на стоки и услуги, за побрза мобилност, а ќе биде потпишан и договорот за заедничко управување со кризни ситуација и реакции во моменти на криза, информираше денеска на прес-конференција заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи