Со „Ковид 4“ грантови за фирми од најпогодените сектори
Со бескаматната кредитна линија „Ковид 4“, во износ од десет милиони евра, што ја промовираше Владата вчера како дел од шестиот пакет антикризни мерки, се предвидени грантови до 15.000 евра за фирми од најпогодените сектори – туризам, угостителство, ивент индустрија, приватни здравствени установи, трговци поединци и занаетчии, доколку отворат нови работни места и ги зголемат приходите