Битиќи се пофали дека за време на СДСМ се вработиле нови 60.000 граѓани, без детали колку од нив се во администрација
Во последните четири години вкупниот број на вработени лица во земјава се зголеми за 60.000, а просечната плата порасна од 22.000 на 28.000 денари, изјави вечерва вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.