Чекавме повик а добивме отказни решенија: 100 работници од Баргала поднесоа приговори откако беа избркани од работа
–На 11-ти сум била на работа, ме пуштија и ми рекоа дека ќе бидам на повик и вчера ми стигна отказ бидејќи на 16-ти не сум се јавила, а јас чекам повик. Секогаш било така, не само сега, изјави Македонка Данева, вработена во „Баргала“, која за четири месеци треба да оди во пензија.