Поддршка од Меѓународната финансиска корпорација – ИФЦ на заложбите на Народната банка во доменот на т.н. зелени финансии
Меѓународната финансиска корпорација – ИФЦ ги поддржува заложбите на Народната банка во доменот на т.н. зелени финансии, било порачано на работната средба на Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска со Ари Наим, регионалниот раководител за Централна и Југоисточна Европа на оваа корпорација – членка на Групацијата на Светската банка, на која, меѓу другото, се разговарало и за макроекономската состојба и за состојбата во финансискиот систем