Во Штип отворен Почесен конзулат на Унгарија, Данела Арсовска ќе биде почесен конзул
Министрите за надворешни работи и економија, Бујар Османи и Крешник Бектеши, како и министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто денеска во Штип официјално го отворија почесниот конзулат, а за почесен конзул е назначена претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска.