Народна банка: Третиот бран на Ковид 19 негативно влијаеше на економското закрепнување во првиот квартал, за вториот податоците позитивни
Во соопштението од Народната банка наведуваат дека на седницата, одржана вчера, беше одлучено основната каматна стапка да остане непроменета, на нивото од 1,25 отсто, со што монетарната политика и натаму има релаксиран карактер