Ангеловска-Бежоска: Зголемувањето на продуктивноста, вложувањето во човечкиот капитал, структурните реформи клучни за стабилен економски раст
Со навестувањето на постпандемискиот период, време е да се размисли како непречено да се заменат општите економски политики со поспецифични, секторски политики што ќе ја олеснат оптималната прераспределба на ресурсите и посткризната трансформација на економиите, со цел да се зголеми потенцијалот за поголем економски раст, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска