Истражување: За време на ковид кризата бројот на домаќинства кои гладуваат пораснал од три на седум отсто
Губење на работното место, пад на месечните приходи, зависност од државна помош, отежнат пристап до здравствени услуги се само дел од низата последици со кои се соочија голем број жени во државата, во првите шест месеци од пандемијата со Ковид-19, покажува истражувањето на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ