Николоски на средба со ЕБОР: Владата е решителна да ги заврши проектите во патната и железничката инфраструктура
На средбата, информираат од Министерство за транспорт, се разговараше за финансиската поддршка за реализација на капиталните проекти со посебен фокус на изградба на автопатот Скопје - Блаце, изградба на брза пруга на Коридорот 10 како и доизградба на пругата на Коридорот 8.