Мисијата на ММФ прогнозира раст од 3,8 проценти на БДП и од 2,2 проценти на потрошувачките цени
Раст на БДП од 3,8 проценти, на потрошувачките цени со умерено темпо од 2,2 проценти, како и дефицит од 5,4 проценти од БДП, предвидува во прелиминарните наоди тимот на Мисија на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводен од Берглјот Баркбу, по виртуелната посета на земјава од 6 до 17 мај во тек на која одржа состаноци со надлежните институции