ЦГК: Повеќе од една петтина од општините не биле предмет на ревизија, работењето во МВР се проверувало само во 2016
Во периодот од 2010 до 2019 година, Државниот завод за ревизија (ДЗР) извршил вкупно 699 ревизии. Најмногу во 2014година, дури 98, а најмалку во 2012 година, 50 ревизии, покажуваат резултатите од анализата на Центарот за граѓански комуникации.