Бесими: Од јануари до април вкупната реализација на капиталните расходи е 19,5%
-Од јануари до април вкупната реализација на капиталните расходи е 19,5 отсто, но ако се спореди со тој период од минатата година тие се повисоки за 51,5 отсто, рече министерот кој додаде дека има добра реализација на приходите, што, според него, е исклучително важно во овој период кога се уште трае пандемијата.