Битиќи: Соодветна и праведна е помошта за туристичко-угостителскиот сектор
Од 17,8 милиони евра, колку што тежи шестиот пакет на економски мерки, само за угостителството се предвидени 9,9 милиони евра и сметаме дека тоа е соодветен, праведен и правичен модел кој го избравме за да му помогнеме на туристичко угостителскиот сектор, оцени денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.