ММФ: Народната банка успешно се справува со шоковите и ја води политиката претпазливо и професионално
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во својата завршна изјава по редовната мисија согласно член IV, оцени дека Народната банка ефективно се справи со серија економски шокови, обезбедувајќи намалување на инфлацијата, стабилен девизен курс и сигурен финансиски систем.