Нашиот систем на патарини е како во Грција, планираме да направиме отворен систем како во Србија за поефикасно патување, вели Николоски
Се обидувам да најдам грант средства за да направиме отворен систем на патарини и да ја зголемиме ефикасноста на патувањето, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостување на ТВ Телма.