Туристичкиот сектор му порача на Реџепи да се откаже од примањата и да види како е да се живее без плата
По денешното одложување на собраниската седница на неодредено време и повторното одложување на усвојување на петтиот пакет мерки за помош на фирмите, како и изјавата на пратеникот Скендер Реџепи, дека граѓаните ќе можат уште некој месец да издржат без пари, бидејќи поважен е законот за државјанства, секторот туризам чувствуваше неодложна потреба да реагира.