Новиот концепт во работењето и новиот начин на државна помош беа во фокусот на разговорите што директорот на Технолошко-индустриските развојни зони Јован Деспотовски ги имаше со странските компании во ТИРЗ во Кичево, Охрид и Струга
Потребата од склучување меморандуми за реализација на проектите Терминал на течен природен гас Александропулос и Гасна централа Александропулос, односно за вложување од страна на Македонија во овие меѓународни проекти ја разгледа и усвои Владата вчера на 53. седница
Владата вчера на 53. седница ја разгледа и усвои Информацијата за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река (ХЕЦ Чебрен) заедно со Извештајот за спроведена евалуација на пристигнатите пријави за учество во Фаза 1 – претквалификација
Рокот за пријавување бил 24 јуни 2020, а Фондот бил отворен за земјите-членки и четирите земји кои имаат зелено светло за преговори со ЕУ или веќе преговараат со ЕУ, односно Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија
Поголеми приходи за вработените, преку нови инвестиции во постојните и отварање нови производствени капацитети е целта на активностите што ги спроведува Владата како поддршка на странските инвестиции во земјата
Прометот во индустријата, вкупно, во јануари годинава, во однос на јануари 2020 година, е намален за 4,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика
Бројот на туристите во јануари 2021 година во однос на јануари 2020 година е намален за 49,2 процента, а бројот на ноќевањата е намален за 40,7 отсто
Управата за јавни приходи денеска соопшти дека до 25 март е продолжен рокот за поднесување на даночните биланси за одданочување на добивка, за вкупен приход, за приходи и расходи, за непрофитни организации, како и Годишниот даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност
Народната банка постојано работи на усвојување на најдобрите практики и стандарди што сѐ повеќе ја приближуваат до европскиот систем на централни банки
Министерството за економија објави три јавни повици во рамки на Програмата за конкурентност и иновации и претприемништво (КИП) за 2021 година наменети за поддршка на домашните компании. Како што информира министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил, објавени се јавните повици за субвенционирање на микро и мали претпријатија, за финансиска поддршка на женско претприемништво и за субвенционирање на занаетчии