Тутунарите излегоа на протест и блокада на патишта
Тутунарите од петте новоформирани здруженија денеска два часа, од 12 до 14 часот, го блокираа патиот правец Прилеп – Плетвар на излезот од градот, барајќи, меѓу другото, побрзо да се откупи вишокот тутун по цени и класи како досега, а со новата реколта да нема увоз, но да има повисоки цени и количествата да бидат како ланските.