ЦГК: Општините во просек наплаќаат по 81 процент од данокот на имот, половина од парите се прибираат од Скопје
Сите општини заедно, просечно годишно наплатуваат по 1,3 милијарди денари, односно 21 милион евра за данок на имот од граѓаните и од фирмите. Просечната годишна наплата на овој данок се движи околу 81 процент, посочуваат резултатите од истражувањето и базата на податоци на пресметан и наплатен данок на имот за сите општини за 2017, 2018 и 2019 година што ги објави денеска Центарот за граѓански комуникации