Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка: Уставниот суд да се апстрахира од политички влијанија
Здружението на оштетени штедачи од Еуростандар банка,во пресрет на утрешната седница на Уставниот Суд, на којашто, како што наведуваат во соопштение, прва точка од дневниот ред e иницијативата за оценка за уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки, јавно изразува надеж во владеење на правото и заштита на темелните вредности на оваа држава заштитени со Уставот