Ангеловска-Бежоска на ЦЕФ, Словенија: Напредокот што го направивме пред кризата ни помага во носењето на монетарните одлуки
Предизвиците што корона-кризата ги наметна на повеќе полиња и за јавниот и за приватниот сектор, како и просторот за соработка помеѓу нив за полесно справување со последиците од кризата, но и ползување на можностите коишто ги носи таа, беа тема на разговор на панел дискусијата на која учествуваше гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, а во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ) од Љубљана, на тема „Навигација кон новата нормална економија“