Здружение „Мацково“ реагира на конкурсите за финансирање проекти од национален интерес за културата
Здружението за култура, литература и издавачка дејност “Мацково” од Охрид, со чудење и изненаденост, ја прими информацијата, дека Министерството за култура, за годинава, не предвидело ниту денар поддршка, за единствената манифестација, од тој вид, кај нас и пошироко на Балканот - Балканскиот поетски камп за деца и млади: “Поетски искри од огништето на Ванчо Николески”