Промовирана фотомонографија „Црвениот виор на Тоде Ивановски“ од авторот Данка Јанковска
„Црвениот виор на Тоде Ивановски“ е фотомонографија, збирка од фотографии од ликовното творештво и искажувања на луѓе во чии сеќавања е врежан ликот на Тоде Ивановски како наставник, пријател но и учесник во народноослободителната борба, партизан кој токму на денешен ден во 1944 година бил ранет, посочи авторот на фотомонографијата, новинар во пензија Данка Јанковска, ќерка на Тоде Ивановски