Лидија Димковска на поетски фестивал во САД
На покана на Пол Малдун, добитник на Пулицеровата награда за поезија, поранешен уредник за поезија во „Њујоркер“ и професор по креативно пишување на универзитетот Принстон во САД, на 25 и 26 октомври на поетскиот фестивал „Принстон“ ќе учествува и Лидија Димковска заедно со уште единасетмина поети од САД, Шри Ланка, Украина и Јамајка.