„Медена земја“ од 27 септември со кинодистрибуција низ Македонија
Документарецот „Медена земја“ (Honeyland) од 27 септември почнува со кинодистрибуција во повеќе градови низ Македонија. Филмот, кој е годинешен македонски кандидат за „Оскар“ и е во трка за најдобар документарец на „Европските филмски награди“, освен во Скопје, ќе се прикажува и во Кратово, Штип, Крива Паланка, Струга, Битола, Куманово, Свети Николе и Охрид