„Златна камера 300“ на 40. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ меѓу 12 филма во конкуренција освои франуцуската кинематограферка Хелен Лувар за филмот „Невидливиот живот на Евридика Гузмао“
Во Делчево се во тек аудиции за учество на манифестацијата ,,Пијанечки бисери”, која годинава е во организација на Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево
Педесет карикатури – добитници на највисоката награда на секоја од 50-те изданија на Светската галерија на карикатури „Скопје“ од 1969 до 2019 се претставени на изложбата на „Остен“ која од вчера е отворена во „Куќата на Робевци“ во Охрид и ќе трае до 3 октомври
ИФФК „Браќа Манаки“ информира дека првпат годинава е доделена награда за најдобар ангажиран документарен филм, како и награда која ја доделува Општина Битола, за најдобар филм според публиката од програмата Мак поинт.
Традиционалната културна манифестација „Ден на македонската поезија во Шведска“ денеска ќе се одржи по 29-ти пат во Гетеборг
Преспа ја задржува традицијата на истакнување на нејзините убавини преку ликовната уметност. Во Претор, на Преспанското Езеро, се одржува ликовната работилница на која уметниците ќе ги пресликаат нивните визии на платно
Во Народниот музеј во Свети Николе синоќа беше отворена изложбата „Билазора“ постојана поставка на која се претставени над 200 артефакти, предмети кои потекнуваат од акрополот односно припилонот и владетелската палата кои датираат од 5 и 4 век п.н.е
Со доделување на фестивалските награди, врачување на Златна „Камера 300“ за животен опус на кинематограферот Јоргос Арванитис и со проекција на филмот „Манаки – приказна во слики“, вечерва во Битола завршува јубилејното 40. издание на ИФФК „Браќа Манаки“
Со претставата од Грција „Чист град“, вечер од 20 часот во Младинскиот културен центар ќе заврши 44. Млад отворен театар на кој годинава беа изведени 16 претстави
Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“ 2019 – симбол на пријателство меѓу децата по 28 пат ќе се одржува од денеска до 22 септември во организација на Детскиот културен центар – „Карпош“