Лауреатот на „Браќа Манаки“, Едвард Лакман одржа мастер – клас во Битола
Фестивалската публика денеска имаше уникатна можност да проследи мастер-клас со водечкиот светски кинематографер Едвард Лакман, лауреатот на годинашното јубилејно издание на „Браќа Манаки“, модериран од неговиот колега и стар пријател на фестивалот, Најџел Волтерс од кинематограферската асоцијација ИМАГО, соопшти тимот на ИФФК „Браќа Манаки“.