Светската пијанистичка ѕвезда Фазил Сај в четврток со концерт ја затвора сезоната на Македонската филхармонија
На свеченотo затворање на концертната сезона на Македонската филхармонија, на 23 мај, во четврток, со почеток во 20 часот, на концертот насловен „Алфа и омега“ во Скопје ќе настапи еден од најпознатите пијанисти денес, турскиот и светски уметник - Фазил Сај.