Исмаили – Ангелов: Новата програма за култура ќе даде нов импулс во македонско-бугарската соработка
Министерот за култура Хусни Исмаили денеска оствари работна средба со амбасадорот на Бугарија во земјава Ангел Ангелов, на која заклучиле дека културните врски меѓу двете соседни земји се традиционални, а регулирани со Спогодбата за културна соработка меѓу владите на двете земји од мај 2000 година и со програмите меѓу министерствата за култура што се потпишуваат на три години